Dec 7, 2011

Едноставна игра во Java

Потребно е да се направи едноставна игра во Java која се состои од прозорец во кој сликичка се појавува на одредено време на различни места, а целта на играчот е да направи што поголем број на успешни погодоци на сликичката кликнувајќи врз неа. Играта започнува со кликнување на Почни, може да се паузира произволен број пати со кликнување на Пауза или да се менува временскиот интервал на трепкање на сликичката на копчето Брзина. Пред играчот да ја започне играта, потребно е да внесе колку обиди за погодување да му се обезбедат, при што откако ќе ги искористи, на крајот се објавува краток извештај за бројот на успешни погодоци и неговата ефикасност. Секоја забелешка, пронајдена грешка или случај кога програмата би паднала се добредојдени.


Забелешка. Некои опции, како на пример Промени боја се поставени само поради барањето во лабораториската вежба и реално не придонесуваат кон функционалноста на самата програма.
Во .ZIP датотеката се наоѓа целосниот Java проект JavaGame.


3SEM InPr Java Applet Thread нитки нитка аплет јава игра интернет програмирање лабораториска вежба laboratoriska vezba

No comments: