Степенските редови се функционални редови кај кои членовите се функции од природните степени на променливата (х). Според теоремата на Абел, ако степенскиот ред конвергира за некоја ненулта вредност на променливата x=A, тогаш редот ќе конвергира и за секоја вредност на променливата за која важи |x|<|A| , и обратно, ако редот дивергира за некоја ненулта вредност на променливата x=A, тогаш редот ќе дивергира и за секоја вредност на променливата за која важи |x|>|A|. Како последица од теоремата на Абел се јавува постоењето на некој позитивен реален R, наречен радиус на конвергенција на редот, со особина : редот конвергира за секое |x|<R и редот дивергира за |x|>R. Неформално, радиусот на конвергенција ја дели бесконечната реална оска на два дела : 1. (-R,R) интервал на кој степенскиот ред конвергира и 2. (-inf, -R) U (R, +inf) интервал на кој редот дивергира. За x=R или x=-R конвергенцијата дополнително се испитува. Една од важните особини на степенските редови е следната :
Ако R е радиус на конвергенција на некој степенски ред, тогаш тој ред може да се интегрира и диференцира член по член на интервалот [0,x], 0<x<R. Степенските редови добиени од почетниот ред имаат ист радиус на конвергенција. Како последица, секој степенски ред може да се интегрира и диференцира произволен конечен број пати во областа на конвергенција.

Да се пресмета сумата на функционалниот ред
Решение PDF http://www.mediafire.com/?yhmb5cmuuz4gh4e
3SEM LiTr linearni transformacii suma beskonecen red степенски ред

No comments:
Post a Comment